Вака искомбинирана храна може да предизвика дигестивни проблеми, а особено луѓето со чувствителен стомак треба да ги избегнуваат.
Овошје со друга храна
Овошјето е најдобар извор на витамини и антиоксиданти, но исто така содржи и киселини кои предизвикуваат ферментација во желудникот, предизвикувајќи го да го забави варењето на другата храна. Покрај тоа, овошјето предизвикува и надуеност. За да се избегне негативното влијание на овошјето најдобро е да го конзумирате на празен стомак.
Месо, риба и млечни производи
Уште една комбинација која често е присутна на трпезите. Тоа што е овде лошо е што оваа комбинација има многу лош ефект врз дигестивниот систем. Ако сакате организмот да ги користи сите хранливи материи од месото и млечните производи, тогаш најдобро е да ги јадете одделно.
Значи, месото треба да се јаде во комбинација со зеленчук. Исто така важи и за млечните производи како што се сирење, кајмак, павлака. Овие намирници е најдобро да ги консумирате со зеленчук.
Месо и компир
Ова е веќе типична комбинација на овие простории која никако не се препорачува. Протеините од месото се варат во желудникот, додека скробот од компирот се вари во тенкото црево. Докажано е дека оваа комбинација го забавува метаболизмот, што резултира во забрзано дебелеење.
Извор: denar.mk