Веќе трет ден гостиварци се гушат во чад, откако во саботата изби пожар во регионалната депонија во гостиварско Русино. Пожарот вчера беше ставен под контрола, но не е целосно локализиран.
Пожарот изби во саботата напладне, за неколку часа пристигнале противпожарни екипи од Тетово и Гостивар од гостиварски комуналец, кои ја затрупуваа депонијата со земја. На помош пристигнале и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е ставен под контрола но не е целосно локализиран, се уште чади.
Гостиварци веќе трет ден се гушат во облаци од чад. Лоша е состојбата во вечерните часови. Еколошките организации бараат итно гасење на пожарот и решавање на проблемот со депонијата Русино.
Градоначалникот на Гостивар по избувнувањето на пожарот побара помош од централните власти да се справат со пламените јазици во регионалната депонија Русино, која е под ингеренции на владата.
Зоран Димовски