Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, се враќа од одмор во среда, велат од обвинителството за организиран криминал .
Од обвинителството најавија дека сите инволвирани во случајот „Рекет“ ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи.