Хан и реплицираше на Дорис Пак: Легална истрага за сите криминали и „Рекет“ и за предметите на СЈО – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/19 9:40 AM

Хан и реплицираше на Дорис Пак: Легална истрага за сите криминали и „Рекет“ и за предметите на СЈО

Откако  се јави германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, Дорис Пак , па прозва каде се европските бирократи во врска со случајот „Рекет“, Јоханес Хан, Комесарот за проширување на ЕУ, експресно врати конкретна  порака на твитер.

„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Хан.