Евакуирани се милион луѓе во Кина, поради силниот тајфун кој го погоди источниот дел од оваа земја. На аеродромите откажани се 625 летови, а делумни во прекин е и железничкиот сообраќај.
Тајфунот наречен „Лекима“ дувал со ветер од 187 километри на час. Како што пренесуваат медиумите, синоптичарите информирале дека бурата сега се движи консеверозапад и постепено слабее.
Како што пренесе „Ројтерс“, поради невремето откажани се 625 летови, а делумно во прекин е и железничкиот сообраќај.