МВР соопшти дека вчера СВР Велес во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство изврши претрес во две аптеки и дом, сопственост на В.Ј.. Во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање на лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини. Од страна на Агенцијата се изготвени записници за затворање на аптеките.При претресот се одземени предмети-докази во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци, информира МВР.
Објавено на: 08/9/19 8:29 AM