Косово се закани дека ќе воведе царински бариери за увоз на македонски производи, aкo Македонија не дозволи увоз на икри од Косово.
Министерот Бектеши рече дека проблемот се појавил кога од 1 јуни нашата Агенција за храна и ветеринарство добила акредитација по стандардите на Европската Унија, а Косово се уште ги нема тие сертификати, но уверува дека проблемот ќе биде решен.
Од Министерството за економија соопштија дека согласно на обврските кои се реализираат во ЦЕФТА каде двете земји се членки, а особено согласно најновите активности во Република Северна Македонија за реализација на Дополнителниот протокол 5 за олеснување на трговијата, сите релевантни учесници во реализирањето на активностите за олеснување на трговијата вклучувајки ги Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветерина, активно се вклучени во спроведување на мерките на трговската политика утврдена согласно на важечките договори, спогодби и подзаконски акти усогласени со европските стандарди и нормативи. При тоа сакаме да напоменеме дека во спроведувањето на законската регулатива се спроведува еднаков и недискриминаторски принцип кон сите земји со кои Република Северна Македонија врши трговска размена.
Од страна на Република Косово се наведува дека со новите подзаконски акти од страна на Агенцијата за храна и ветерина од јуни 2019 година се оневозможува увозот на риби и икра од Република Косово. Постапувајки согласно на правилата на ЦЕФТА , Република Северна Македонија уште во м. јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА, како и со соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство, ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно на Европската регулатива. Агенцијата е лиценцирано тело согласно на европските стандарди и истите ги применува неселективно при увозот на производи во РСМ . Наведената регулатива е усогласена со регулативата на Европската комисија бр.206/2010 од 12 март 2010 . Ова е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде земјата е членка од 2003 година. Согласно оваа регулатива, Р.Косово не е наведено за дозволен увоз на аквакултура и соодветно на тоа ова е транспонирано и во нашата легислатива. Неприменување на овие прописи би довело до негативни ефекти врз статустот на земјата во однос на пристапните преговори.
Сепак, Република Северна Македонија ќе излезе во пресрет на барањето на Република Косово за изнаоѓање на решение сé во интерес на долгогдишната одлична меѓусоседска трговка соработка, соопштуваат од Министерството.
Објавено на: 08/8/19 7:00 PM