Градоначалникот на Сарај ќе ги тужи членовите на Антикорупциска – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 5:20 PM

Градоначалникот на Сарај ќе ги тужи членовите на Антикорупциска

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, ќе поднесе кривична пријава против членовите на Антикорупциската комисија. Беџети се соменева дека одлуката на Антикорупциската комисија е со политичко влијание. Тој во медиумите излезе со порака за „тие што се кријат зад Антикорупциската комијата“: „Кој и да е, дури ни премиер не ме плаши“, вели Беџети.
-Како државен орган тие се ставени во служба на политиката и да вршат политички притисок, за мене. Јасно дека тоа е притисок. Јас ќе се обратам и пред Собранието, бидејќи тоа одлучува да покрене постапка. Дали јас лично ќе поднесам кривична пријава против членови на Антикорупциската комисија? Ако некој се меша во моето водење на политиката или во општината, дури и да бидам премиер, јас не сум импресиониран и тоа не поминува. Премиерите овде во Северна Македонија доаѓаат и одат многу брзо“, рече Блерим Беџети.
Антикорупциската комисија поднесе тужба против првиот човек на скопската општина Сарај, Блерим Беџети, каде што според антикорупционерите, Беџети го прекршил законот, откако не постапил против незаконски поставените платформи во Матка. Инаку, како што соопштија од ДКСК, до Општина Сарај биле поднесени две барања за легализација на дивоградба од времен карактер на 8 февруари 2018 година од Амед Саити и на 24 декември 2018 година од страна на Џемаил Саити. Двете барања се држани во фиока, додека градбите напредуваа.