Алсат М: Има ли сериски убиец во Македонија? – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 4:26 PM

Алсат М: Има ли сериски убиец во Македонија?

За само неколку недели, на неколку локации во земјава пронајдени се три мртви лица кои под непознати околности го загубиле животот, пишува ТВ Алсат М. Во Струмица во водите на акумулацијата „Турија“ во различен временски периоди пронајдени се две тела. Нивното убиство е извршено на идентичен начин, што отвора сомнежи за сериски убиец. Инаку, деновиве беше пронајдено женско тело во кесе во село Горно Оризари во Скопје, што неофицијално се дознава дека било од ромска припадност.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу не сакаше да сподели детали за оваа истрага, но рече дека полицијата работи на целосно расветлување и дека до сега се приведени шест лица.
„Познат е профилот и поради тоа приведовме шест лица како можна трага и имаме основа за сомнеж дека тие можат да бидат и извршители на убиството, и бидејќи сме во напредна фаза на криминалистичките истраги, за јавноста не можам да дадам повеќе информации за идентитетот и профилот на безживотното тело“, рече Нухиу.
Инаку, за двете тела кои беа пронајдени во води на акумулацијата „Турија“ во Струмица, Нухиу рече дека осомниченото лице за нивното убиство е уапсен и е во притвор.
„За јавноста би рекол дека за полицијата идентитетот на телото на двајцата пронајдени во Струмица е познат, но сепак чекаме официјално соопштение од ДНК вештачење и за ова убиство имаме сомнително лица кое е во притвор и го знаеме мотивот и како е извршено и има поврзаност поради формата и начинот на извршување на убиството со убиството кое се случи пред неколку месеци на територијата на Струмица“, додава Нухиу.
Според МВР, последните години се забележува пад на бројот на убиства, споредени со претходниот период.

Алсат М