Неколку папки со монети утрината биле одземени од домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов од полицијата.
Некои медиуми објавија дека Панов бил уапсен, но тој ја демантираше таквата вест. Панов, за Канал 77 потврди дека утринава полицајци од Кавадарци и Велес извршиле претрес во неговиот и во домот на неговите родители.
-Станува збор за модерна нумизматика. Пријавата најверојатно е злонамерна со тенденција да ми се наштети. Во збирките нема стари монети. Инаку збирката ја собирам од дете речиси 40 години. Неколку папки со монети се одземени и однесени во полицијата на вештачење, ни изјави во телефоснски разговор Панов.
Смета дека не станува збор за политичка пресметка, туку дека пријавата била лична.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски не одговараше на нашите повици за да ја добиеме и информацијата од МВР.
Објавено на: 08/7/19 4:06 PM