Основниот суд во Скопје го отфрли барањето на поранешниот војник на ОВК Томор Морина да биде ослободен од притвор.Адвокатот Никола Наумов го потврди ова за ТВ21.
„Тие сметаат дека притворот не треба да биде прекинат“, рече Наумов за ТВ21, додавајќи дека решението ќе биде обжалено.
ТВ21 исто така потврда побара и во Основниот суд во Скопје, но од таму не дадоа детали, туку само ни рекоа дека изјава ќе дадат до крајот на денот.
Томор Морина е во притвор повеќе од две недели. Тој беше уапсен на 24 јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.