Црна Гора: Во барската болница хирург извади тумор тежок 13 килограми – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 11:31 AM

Црна Гора: Во барската болница хирург извади тумор тежок 13 килограми

Во Општата болница во Бар пред неколку дена е извршена несекојдневна операција. Специјалистот по општа хирургија Мирослав Кнежевиќ од стомак на жена извадил тумор тежок 13 килограми. Жената, како што пренесуваат црногорски медиуми, во болницата дошла со болки во стомакот и со отежнато дишење.

– Беше прилично витална. Има 61 година и 130 килограми. Никогаш порано не била на лекар ниту, пак, раѓала, па никогаш не била ни на гинеколошки преглед. Тоа било пресудно за создавањето на толку голем тумор на јајниците – објаснува хирургот за „Бар инфо“.