Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 11:12 AM

Од денеска државјанството во изводите „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија

Графата „државјанство” во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги.

Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.

-Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство” во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат од Управата за водење на матичните книги.