Како од филмовите за Дивиот Запад, на социјалните мрежи во САД беа објавени фотографии на полицајци качени на коњи, како низ град водат врзан со јаже Афроамериканец.
Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстоун. Бидејќи немале патролно возило, полицајците врзале јаже за лисиците и на тој начин го привеле четериесетгодишниот маж, што предизвика револт во јавноста.