Српски медиуми: Заев и Харадинај имаат црни фондови за плаќање политичари – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/19 9:59 AM

Српски медиуми: Заев и Харадинај имаат црни фондови за плаќање политичари

Српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извор од Приштина, пишува дека македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај тесно соработуваат, договорајќи да ги контролираат работите во Македонија и Косово, но и за создавање црни фондови кои треба да служат за плаќање на политичарите.
Притоа, како што пренесуваат и останатите српски медиуми во изминатиот период, состаноците не биле само меѓу Заев и Харадинај како премиери, туку и нивните со нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај, кои присуствувале на одредени состаноци, брифира дипломатскиот извор во Приштина.
– Додека Харадинај беше премиер договорено е да се создадат црни фондови што ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, со цел да се ублажат сите можни начини на блокирањето на патот на Македонија во ЕУ и НАТО. Сето ова е значајно за Албанците, кои имаат дел од власта во Скопје – вели истиот извор.
За таа цел, како што пишува српскиот весник, македонските власти добија на подарок два милиони евра, наменети за одделни грчки политичари, чија работа е да кажат преку ЕУ дека немаат ништо против влезот на Македонија во ЕУ.
– Договорите направени од Харадинај и Заев не се поврзани само со бизнис, туку и со армиите во Македонија и Косово. Договорено е финансирање на старешините на Албанци од Македонија,кои исто така, одат на Косово и од друга страна, да ги едуцираат офицерите на косовската армија на скопската Воена академија. Дел од трансферот на пари оди преку одделни компании – тврди дипломатски извор за весникот.