Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност откако Индија ја укина автономијата на индискиот дел на Кашмир за да го интегрира тој мнозински муслимански регион.
Тој предупреди дека припадниците на мировната мисија на ОН што го надгледуваат прекинот на огнот помеѓу Индија и Пакистан во државите Џаму и Кашмир воочиле зголемување на воените активности долж контролната линија.
Индиската влада вчера ја укина уставната одредба за специјален статус на Кашмир која му гарантираше автономија. Пакистанското Минсистерство за надворешни работи соопшти дека ќе ги искористи сите можни опции за сузбивање на илегалните чекори што ги презела Индија.
Кашмир одамна е врел костен меѓу Индија и Пакистан.