Од воениот аеродром „Чкалов“ во Новосибирск полета дронот С-70 „Охотник“, прототип на авион на иднината, според стелт-технологија.
На воениот аеродром за испитување во Новосибирск, Русите во текот на изминатиот викенд првпат го испробаа тешкиот беспилотен авион „охотник“ („ловец“). Леташе 20 минути. Ова летало експертите го нарекуваат прототип на авион од шестата генерација.
Освен објекти на земјта, тоа ќе може да води и воздушн битки. Леталото е речиси незабележително за радарски системи. На мали височини, дронот ќе може да лета со 1.400 километри на час, а дометот треба да му биде 5.000 километри.


