Научници создадоа прв ембрион на човек-мајмун – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 12:18 PM

Научници создадоа прв ембрион на човек-мајмун

Научниците успешно создадоа прв ембрион на човек-мајмун, со што почнаа да го расчистуваат патот за користење животни за трансплантаија на човечки органи. Овој експеримент е извршен во Кина за да се избегнат правни проблеми.

Истражувачите од институтот Салк од САД и од универзитетот УЦАМ од Шпанија генетски модифицираа мајмунски ембрион за да деактивираат специфични гени што се користат за создавање органи. Потоа група научници вбризгуваа човечки матични ќелии во ембрион на мајмун. Меѓутоа, заради етички стандарди, научниците го сопреа процесот пред ембрионот да може да развие централен нервен систем. Тимот мораше да отпатува во Кина за да ја спроведе постапката, бидејќи беше во спротивност со шпанскиот закон.

Кина во послените години стана рај за експерименти со гени. Кинески науник во ноември лани објави дека со својот тим уредил ген ЦЦР5 на два близнака, со намера да станат отпорни на ХИВ. Во неодамнешен експеримент, кинески и американски истражувачи се здружија при модифицирање гени на 11 мајмуни, давајќи им можност за човечки развој на мозокот.