Во моментот најбрзите возови во светот поминуваат 1.021 километар помеѓу Пекинг, главниот град на Кина, и Нанџинг, со просечна брзина од 317,7 километри на час, завршувајќи го патувањето подолго од 1.000 километри само за 3 часа и 13 минути.
Во рангирањето, Италија го зазеде второто место на табелата, претекнувајќи ја Франција, со возот на линијата Милано – Реџо Емилија. Иако од второто се симна на треттото место, францускиот воз на линијата Шампањ Арден – Лораин и понатаму постигнува просечна брзија од 271,8 километри на час.
Во светот веќе се конструираат возови планирани да развиваат и до 600 километри на час. Кај нас, пак, возовите уште возат и со десетпати помала бразина од таа.


