Апелација ја потврди казната за дедото на Тамара за обид за убиство на Тодоров – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 11:28 AM

Апелација ја потврди казната за дедото на Тамара за обид за убиство на Тодоров

Апелација ја потврди првостепената казна за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Одлуката на Апелација е испратена до Кривичниот суд.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од 4 години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.