Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 9:55 AM

Минатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во текот на минатата недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Од 29 јули до 2 август 2019 година, со помош на специјалните возила „пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 85 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор” санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот каде биле паркирани, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се намали сообраќајниот метеж и да се реши непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.