Андов: Има нешто сомнително со случајот ,,Рекет“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 9:58 AM

Андов: Има нешто сомнително со случајот ,,Рекет“

Првиот спикер на Собранието во Македонија, од нејзината независност Стојан Андов во интервју за Канал5 телевизија истакна дека институциите треба брзо и ефикасно да ја завршат истрагата, за случајот Рекет, во спротивно може да ја изгубат довербата од граѓаните.

Андов смета дека сомнителен е фактот што Катица Јанева се споменува како директен учесник во случајот, ја истражуваат нејзината поврзаност, но не е повикана да даде исказ во обвинителството.

,,Тежок удар на институциите е нанесен. Сега се ќе зависи каква ќе биде разврската“,вели Андов.