Небесното тело 2006 QQ23 треба да прелета покрај Земјата на 10 август, а со оглед дека неговиот дијаметар околу 570 метри, некои изразија загриженост.
Но, астрономите Линдли Џонсон и Кели Фаст од Канцеларијата за координација за планети на НАСА велат дека нема од што да се плашиме.
„Што се однесува до 2006 QQ23 , станува збор за астероид со средна големина што ќе прелета на оддалеченост од 8 милиони километри . Значи, тоа е повеќе или помалку безопасно небесно тело“, рече Џонсон.