Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/19 11:45 AM

Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

 Националниот македонски празник 2-ри август, Илинден, во Тетово се одбележа со пригодна церемонија пред Споменикот на револуцијата. Одбележувањето почна со интонирање на химната, како и со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на оние што го дале животот за нашата земја.

Во историјата на еден народ постојат судбоносни датуми, трагични и величествени, по кои тој народ се препознава и кои ја определуваат неговата иднина. Македонската историја има два големи историски настани поврзани со ист ден, но во различни времиња и услови. Тоа се Илинден 1903 и Илинден 1944. На првиот датум како да се оствари повеќевековната борба на македонскиот народ за создавање сопствена држава. Вториот датум кога е формиран АСНОМ величиствен по своите резултати . Тогаш е оставрено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во обраќањето претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците од Тетово, Јоцко Димитриевски.

Цвеќе положија делегации на институции, установи, здруженија на граѓани и политички партии.

МИА