Поради загадување од бучава, која ја создаваат авионите кои навечер летаат над Будимпешта, наскоро ќе бидат забранети ноќните летови над унгарската престолнина. Градоначалникот на Будимпешта најави дека ова прашање ќе биде регулирано со амандмани на законот за воздушен сообраќај.
Со најавените амандмани ќе биде регулирана забраната на летови од меѓународниот аеродром „Франц Лист“, во периодот од полноќ до пет часот изутрина.
Со измените се предвидува казна до 1.000 евра за летовите кои се одвиваат во тој период, а бројот на места за следење на нивото на бучавата ќе бидат зголемени, од сегашните шест на 13.