Истрагата покажала дека блогерката, која работела и како дерматолог во московската болница, пружала и ескорт-услуги, и тоа за да собере финансиски средства за студии по медицина.
Максим ја убил во нејзиниот стан, и тоа така што ѝ го пресекол вратот и ѝ задал повеќе убодни рани по телото, а потоа нејзиното тело се обидел да го стави во куфер, што само делумно му успеало.,
Убиецот на полицијата ѝ признал дека Екатерина ја видел на веб-страницата која нуди сексуални услуги, пишуваат руските медиуми.
Руската телевизија РЕН ТВ објавила надзорна снимка на која се гледа како маж со капа на главата влегува во зградата каде што живеела блогерката. Четири часа подоцна, истиот човек излегол од станот со помал куфер, а се верува дека во него ја ставил крвавата облека и оружјето со кое ѝ го пресекол вратот.
Ме навреди, го уништи моето сексуално достоинство и им се потсмеваше на моите финансиски способности. Не можев тоа да го поднесам, ја избодев најмалку пет пати во вратот и градите – признал убиецот и додал дека се кае.