Повеќе од 200 заболувања се пренесуваат преку храната, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Труењето со храна е често во текот на летото, затоа што високите температури придонесуваат за побрзо расипување на намирниците.
Со цел да ја спречиме појавата на труења со храна, покрај колективните мерки за превенција, потребно е секој од нас да превземе индивидуални мерки за да го заштити своето здравје и здравјето на своето семејството, велат здравствените работници.
Инаку од утре следува период на многу топло време. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на голем пораст, како минималните така и максималните дневни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени.
Зоран Димовски


