Во хрватскиот град Самобор вчера беше отворен 23. Светски собир на љубителите на „Цитроеновиот“ модел 2ЦВ или популарниот „спачек“. Првиот ваков собир се оджал во 1975 година, а годинашниот во Самобор ќе трае до 4 август.
Се очекуваат да пристигнат околу 3.000 „спачеци“ од четириесетина земји од целиот свет (дури и од Австралија, Брегот На Слоновата Коска…) и 12.000 вљубеници во нив. Повеќето се веќе пристигнати во Хрватска.
Сите сместувачки капациети во Самобор и во околината се полни, а местото на кое се одржува манифестацијата наликува и на огромен автокамп, во кој се служат храна, пијалаци, а има и многу забава и музика. Во Самобор ќе биде отворена музеј „Сто години ‘Цитроен’“, пишуваат хрватските медиуми.
Еве и дел од фотографиите што ги објавува „тпортал.хр“.