Жозе Мурињо и понатаму е без работа откако доби отказ во Манчестер Јунајтед. И покрај бројните понуди и најави за можна следна дестинација, Португалецот се уште е слободен агент.
Најновите информации, пласирани утрово, а кои доаѓаат од Шпанија велат дека Жозе Мурињо е опција за Валенсија.
Имено газдата на клубот, Петер Лим од Сингапур е добар пријател со агентот на „специјалниот“, Жорге Мендеш, па успеал да му даде финансиски гаранции и заедно да го убедат Мурињо да седне на клупата на „лилјаците“.
Мурињо на клупата на тимот од „Местаља“ би седнал како замена за досегашниот тренер Марсењињо кој е пред заминување поради проблемите во управата на клубот.
За Жозе шпанскиот фудбал нема да биде непознаница сооглед на тоа што во минатото работеше во Реал Мадрид.
Извор: sportclub.mk