Стоилковски: Обвинителството не ја вклулува во истрагата за „Рекет” НВО на Боки 13 – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 2:18 PM

Стоилковски: Обвинителството не ја вклулува во истрагата за „Рекет” НВО на Боки 13

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, велат дека овинителството на Русковска молчи и не кажува дали  истрагата за рекетарско – политичко – обвинителскиот октопод го проширила и на таканаречената невладина организација на Бојан Јовановски, Боки 13 наречена „Меѓународен Сојуз”. Од таму велат дека тоа ги потврдува сомневањата дека обвинителството тенденциозно ја ограничува истрагата на два лика од плејадата ликови во рекетарските приказни во јавноста.

Од ВМРО ДПМНЕ, прашуваат дали е проверена улогата на Фросина Ременски која е почесен претседател на организацијата на Боки 13 и во која насока ја користела функцијата за какво лобирање и за какво влијание, како што вели? Обвинителството мора детално да провери и да и објасни на јавноста за целите на соработка Ременски –  Боки 13, велат од опозицијата.

„Дали Фросина Ременски имала на било каков начин врска со сомнителната исплата на битолски бизнисмен за која говореа и медиумите во износ од 750 илјади евра, со која наводно се откупувала идеја за изградба на станови? Сумата е скандалозна и сомнителна сама по себе, чиниш се работи за идејно решение за градење на станови на Марс, а не во Македонија“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие бараат да се расчисти случајот со „рекетарскиот октопод“ како што велат од опозицијата, но и да се прошири истрагата и во правец на организација на Боки 13. Исто така бараат одговор зошто Катица Јанева не е притворена ако на било кој начин е вмешана во шемата на рекетот.

На новинарско прашање дали предлогот од премиерот октомври 2020 за одржување на предвремени парламентари избори е прифатлив за ВМРО ДПМНЕ, портпаролот Стоилковски вели дека под притисок на јавноста по многубројните скандали власта која што е во паѓање го прифаќа предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. А, тоа што се однесува за понудениот термин за октомври догодина, се чини како разумна основа за разговори со власта на таа тема, вели Стоилковски.