Тетово добива нови улички, но довршувањето на булеварите се уште не се ниту започнати  – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 12:49 PM

Тетово добива нови улички, но довршувањето на булеварите се уште не се ниту започнати 

Населбата Блок 4 или стара Циглана, конечно доби сообраќајница канализација и улично осветлување. Целокупната инвестиција  изнесуваа 9.5 милиони денари, средства издвоени од буџетот на општина Тетово.


Во план е оваа улица да се поврзе со булеварот Благоја Тоска и со останатиот дел од населбата Дреновец.

Додека Арифи отвора помали делници во градот на значајните сообраќајници булеварите Благоја Тоска и Илинденска кои треба да ги поврзат едниот со другиот дел на градот, нема никакви градежни активности.

Граѓаните ги поздравуваат инфраструктурните проекти во тетовските населби, но без довршување на булеварите, проблемот со гужвите и сообраќајниот хаос не може да се реши.

И овојпат како и многу пати досега, Арифи даде ветување дека е во процедура пробивањето на двата булевари во градот.

Во Тетово има три булевари и ниту еден од нви не е пробиен, а за изградба на обиколница засега нема никакви најави, ниту од централните ниту од локалните власти.  

Зоран Димовски