Белград: Експлозија во градски автобус, шестмина повредени – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 11:32 AM

Белград: Експлозија во градски автобус, шестмина повредени

На Улицата на незнајниот јунак на белградско Дедиње денеска околу 11 часот дојде до експлозија во автобус на приватниот превозник „Банбус“ што сообраќа од Земун до Бањица. Експлодирал компресор за воздух над средните врати на автобусот, пишуваат белградските медиуми.

Повредени се шестмина патници, помеѓу кои и бебе. На лице место се полиција и екипи на итната медицинска помош. Прва помош на поведените им пружиле вработени во блиската аптека. Возачот не сакал да дава изјави за медиумите.

Најтешко поминала жена на која компресорот по експлозијата и’ паднал врз главата и ја расекол, а на друга жена и’ ја скршил раката…

Истрагата на надлежните органи е во тек.