Ноќеска горела пекара во Делчево. Во полиција пожарот бил пријавен 35 минути по полноќ. Пожарот бил локализиран во 01.25 од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево.
Увидот е во тек.
При гасењето на пожарот, пожарникарот Б.М. од Територијалната противпожарна единица Делчево се здобил со повреди во пределот на рацете и бил пренесен во болницата во Делчево.
Во текот на вчерашниот ден, околу 14.25 часот во СВР Штип било пријавено дека во во стан на Ш.А во зграда на ул. „ Моша Пијаде“ во Берово настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица на Берово.
Нема повредени лица. Увид на местото на на настанот извршила увидна екипа на ПС Берово.
Во текот на вчерашниот ден пријавен е уште еден пожар.
Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 16.40 минути во кругот на оранжериите „Градинар“ на патот Свети Николе-Овче Поле настанал пожар. Пожарот бил локализиран во 17.55 часот од Територијалната противпожарна единица Свети Николе.


