Трагедија кај Мостар: Мајка на четири деца загина спасувајќи го од бунар сопругот, а за братот веќе било доцна – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/19 11:20 AM

Трагедија кај Мостар: Мајка на четири деца загина спасувајќи го од бунар сопругот, а за братот веќе било доцна

Голема трагедија се случи во петокот попладне во селото Добрковиќи кај Широки Бријег во Босна и Херцеговина. Мајка на четири деца загина спасувајќи ги од бунарот сопругот, кого во бунарот го онесвестиле гасови, и својот брат. Сопругот успеала да го спаси, но загинала кога се враќала да го спаси братот, за кого веќе било доцна.

Антонио Жељко (25) се спуштил во бунарот за да го исчисти. Но, набрзо потоа се онесвестил. По него, за да му помогне, во бунарот се спуштил и неговиот зет Иван Цигиќ (44), кој во бунарот исто така се онесвестил. Неговата сопруга Ивана Цигиќ (37), сепак, успеала да го спаси. Во бунарот имало уште тиесетина сантиметри вода, му ја кренала главата над нивото на водата, па соседите, кои во меѓувреме дошле, го извлекле. Но, пред да стигне до братот, и таа се онесвестила.

Иван Цигиќ сега е во мостарската болница и е надвор од животна опасност, додека Ивана и нејзиниот брат починале во Здравствениот дом откако лекарите неуспешно се бореле за спасување на нивните животи. Ивана остави четири малолетни деца – две ќерки и два сина.