Лишени од слобода 12 женски лица при акциска контрола во угостителски објект – ММС
ММС

Објавено на: 07/28/19 3:26 PM

Лишени од слобода 12 женски лица при акциска контрола во угостителски објект

Дванаесет женски лица се лишени од слобода при акциска контрола во угостителски објект лоциран близу автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово.

Како што информираат од МВР, лицата се на возраст од 20 до 40 години од Србија, Албанија и Бугарија и истите се приведени во Полициската станица во Тетово, по што ќе бидат предадени во Отсек за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.