Претседателот на Русија, Владимир Путин, придружуван од група експерти, се нурна во водите на Балтикот да ја посети потопената подморница, Сајомага, оштетена во Втората светска војна.
Подморницата е откриена минатата година, а мистериозно исчезнала на својата последна мисија во 1942 година.
По торпедирање на три нацистички транспортни бродови, јавила до базата дека се враќа оштетена, но не успеала да стаса до базата во Санкт Петерсбург. Се утврдило дека подморницата била оштетена од морска мина, од која загинале сите нејзини членови.
По завршување на нуркањето, Путин рекол дека ја видел потопената подморница од сите страни и сакал подобро да ја разбере работата на оние кои секојдневно го ризикуваат својот живот.