МВР: Пријавен е само еден физички напад на протестот на плоштадот Скендер Бег – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/19 11:39 AM

МВР: Пријавен е само еден физички напад на протестот на плоштадот Скендер Бег

Во врска со вчерашниот протест што се одржа на плоштадот Скендер бег МВР информира дека има пријавено сано еден физички напад од непознато лице и апелира доколку има и други напади граѓаните да ги пријават во најблиската полициска станица.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски. Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај, се вели во денешното соопштение од МВР.