Поднесена е кривична пријава против 21 годишниот Т.Ј од село Негорци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопштуваа од полицискта станица во Гевгелија.
На 16 -ти декември, минатата година на улица „Деко Ковачев“ во Гевгелија полициски службеници извршиле контрола на лица и патничко возило „Опел“, управувано од М.С., во кое како сопатници биле пријавениот и уште две лица. Притоа, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.


