На социјалните мрежи се појави потресна фотографија и видео од Сирија, на која петгодишно девојче кое ја држи својата седуммедечна сестра за маица во обид да ја спаси во урнатините, пренесува Би Би Си.
На фотографијата се гледа повозрасен маж кој се наоѓа на неколку метри над нив.
Фотографијата е направена откако сириската војска во средата го бомбардираше Идлиб. Токму на местото на настанот се нашол Башал ал Шеик, новинар од СИ-24 кој ја пренесува атмосферата од моментот. Вели дека најпрво ен можел ништо да види бидејќи се било прашина и рушевини, но потоа слушнал плач на бебе и ја затекнал потресната слика.
Како што пренесува Би Би Си, двете сестри, постарата Рихам и помладата Тука, биле спасени непосредно пред да се сруши зградата погодена со ракети. Двете биле однесени во болница каде што Рихам починала од добиените повреди. Бебето Тука засега се наоѓа на интензивна нега.Нивната мајка починала во ракетниот напад.
Regime airstrike on the local market in Ariha town in rural Idlib kills two and injures a number of others.
🗓 24/07/2019
📍 Ariha, rural Idlib, Syria
#EyesOnIdlib pic.twitter.com/sBLQUiURUo
— SY+ (@SY_plus) July 24, 2019