На Гренланд му се заканува топење од топлотниот бран – ММС
ММС

Објавено на: 07/27/19 10:00 AM

На Гренланд му се заканува топење од топлотниот бран

Рекордно високите температури полека паѓаат низ цела Европа, а топлотниот бран што вчера достигна рекордни вредности се пресели во Гренланд и се закани со пребрзо топење на мразот.

Во Белгија вчера е  забележана највисока температура досега, 41,8 степени Целзиусови степени во местото Бегијендејк, изјави метеорологот Дејвид Дехенау.

Во Германија оваа недела се надминаа неколку пати рекордите . Вчера, последниот рекорд од 42,6 степени беше забележан во Лингена во северозападната покраина Долна Саскија.

Нуклеарната централа во Гронде е затворена попладнево, соопшти Министерството за животна средина.

Водата во блиската река Весер , што се користи за ладење на реакторот, најверојатно ќе биде топла 26 степени. Министерството објави дека централата ќе биде затворена додека температурата на реката повторно не падне.

Италијанското Министерство за здравство објави црвено предупредување за топлотен бран во 14 градови, вклучувајќи ги Милано, Торино, Верона, Фиренца, Џенова, Болоња, Неапол и Болзано во Јужен Тирол.

Топлиот воздух од цела Европа полека се префрлува кон Гренланд и може да предизвика рекордно топење на мразот, соопштија ОН.

“Според прогнозите, ова е загрижувачко, воздушните струи сега ја пренесуваат таа топлина на Гренланд”, изјави портпаролката на ОН,  Клер Нулис, портпаролка на Светската климатска метеоролошка организација, на прес-конференцијата во Женева.

“Ова ќе резултира со високи температури и, следствено, со забрзано топење на ледената покривка од Гренланд”, предупреди таа. “Засега не знаеме дали ќе биде надминато нивото од 2012 година, но е близу до тоа.”