Се активира вулкан на Јава Се активира вулкан на Јава | opserver.mk – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 5:12 PM

Се активира вулкан на Јава Се активира вулкан на Јава | opserver.mk

Вулканот Тангкубан Параху денеска се активира и исфрли пепел неколку стотина метри во висина, по што е издадено предупредување за опасност.
Поради активирањето на вулканот затворено е туристичкото место во близина на Тангкубан Параху. Вулканот се наоѓа на околу 30 километри северно од Бандунга, главниот град на провинцијата Западна Јава. Индонезија е лоцирана на така наречениот Пацифички прстен и има многу активни вулкани, кои понекогаш претставуваат опасност по живот и го нарушуваат воздушниот сообраќај, посебно на најгусто населените острови како Јава и Бали.