Хан – Брнабиќ: Големи предизвици пред Србија – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 2:08 PM

Хан – Брнабиќ: Големи предизвици пред Србија

Еврокомесарот, Јоханес Хан денеска во Белград на заедничка прес-конференција со српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека на средбата разговарале за голем број теми, особено за препораките на извештајот за напредокот на Србија, кои треба да бидат приоритет за владата, со цел земјата да продолжи да напредува кон членството во ЕУ.

„Ги поздравувам сите иницијативи поврзани со медиумската стратегија. Неопходно е да се продолжи со работа на медиумската стратегија. Кога ќе го добиеме конечниот нацрт, ќе ги дадеме нашите коментари за тоа. Медиумската стратегија ќе мора да се спроведе и ова е поважно од добар нацрт, и ќе биде успешна само ако придонесува за напредок во работата на медиумите. Потребна и е на Србија плуралистичка медиумска сцена“, истакна тој.

Хан рече дека Парламентот треба да биде место за политичка дебата и ја истакна важноста на меѓупартискиот дијалог во Собранието, поздравувајќи ги првите чекори што се преземени во таа насока.

Кога станува збор за изборите следната година, тој апелираше до српските власти да ги применат препораките на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Хан истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен елемент за натамошниот напредок на целиот регион и ја нагласи потребата да се најде трајно решение.

Говорејќи за регионот, тој истакна дека е постигнат значителен напредок со Северна Македонија и изрази верување дека земјите-членки ќе им дадат зелено светло во октомври на Скопје и на Тирана да започнат со пристапните разговори.

Српскaта премиерка Ана Брнабиќ пак, на прес конференцијата изјави:

„Не е наше кога ќе станеме членка на ЕУ, туку колку брзо ќе станеме европска Србија во однос на напредокот во областите на економијата, владеењето на правото и јавната администрација“.

Таа рече дека Србија разбира каква е моменталната состојба во ЕУ и предизвиците со кои се соочува Унијата, но и покрај тоа Србија останува искрено посветена на патот на евроинтеграциите.“

Брнабиќ додаде дека нема стабилна, економски конкурентна Србија без стабилен регион, наведувајќи дека соработката со земјите во регионот е „во најголем интерес“ на Србија.

„Тоа ќе почнеме да го правиме прво со Северна Македонија, а пота и со останатите и се ќе направиме да имаме подобро поврзан и силен регион“.

Таа додаде дека единствениот предлог закон кој е упатен по итна постапка до српското Собрание е ратификацијата на билетаралниот договор со Северна Македонија за меѓусебно признавање на повластените стопански субјекти.