Сопружници претепани од нивниот син – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 12:25 PM

Сопружници претепани од нивниот син

На 25.07.2019 година во 05.00 часот во Полициската станица Штип 77 годишен маж од Штип пријавил дека истиот ден во семејниот дом во Штип со неговата сопруга, во периодот од 02.30  до 03.00 часот биле физички нападнати од нивниот син С.З.(48) од Штип.

Лицето е лишено од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.