Починал затвореник во штипскиот затвор – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/19 12:19 PM

Починал затвореник во штипскиот затвор

На 25.07.2019 година во 09.06 часот во СВР Штип од Казнено поправната установа Штип било пријавено дека четириесет и двегодишниот Д.Ч.  од Штип кој бил на издржување на казна затвор починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип и телото на починатото лице било предадено за обдукција.