Двајца планинари загинаа на швајцарските Алпи од лавина – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 10:29 AM

Двајца планинари загинаа на швајцарските Алпи од лавина

Двајца планинари загинале на горниот дел од планината Метерхорн, соопштила швајцарската полиција.

Како што се наведува, на двајцата планинари, од кој едниот бил водич, им се урнала лавина врз нив.

Несреќата се случила во средата на височина од околу 4.250 метри, пренесува АР. Засега не познато од која држава биле двајцата планинари.

Матерхорн е со височина од 4.478 метри надморска височина, еден од највисоките и најпознатите врвови на Алпите. Се наоѓа на граница со Швајцарија и Италија.