Топол ден во Париз: Најтопол во последните седум децении – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/19 10:12 AM

Топол ден во Париз: Најтопол во последните седум децении

Париз најверојатно ќе го надмине рекордот од 1947 година кога се измерени 40 степени Целзиусови. Во Франција е прогласен пртокалов метео аларм на поголем дел од земјата – на северниот дел од земјата.

Граѓаните на Париз за медиумите изјавиле дека ова е нетипична ситуација кога станува збор за Париз, бидејќи температурата главно во Франција ретко кога преминува повеќе од 30 степени. А кога ќе надмине над 30 степени тоа е многу топло за Градот на светлината.

На станиците за метро, бесплатно се дели вода. Секаде стои предупредување и упатства да се пие повеќе вода за да се хидрира телото.

Високите температури не влијаат на туризмот и посетата на овој град, се уште во Париз има бројни туристи и граѓани на улица.

Граѓаните се разладуваат секој на свој начин. Постои и париската плажа која има најразлични активности околу Сена. Но за жал тука не може да се капи, но и ова е еден од начините луѓето да се разладат.

Западна Европа очекува нов топлотен бран оваа недела. Во повеќето делови во Франција е прогласена портокалова фаза, па дури и највисоко ниво на предупредување.