Внимателно со плановите – и’ порача ГДУ на власта по најавата за борба против дезинформациите – ММС
ММС

Објавено на: 07/24/19 7:29 PM

Внимателно со плановите – и’ порача ГДУ на власта по најавата за борба против дезинформациите

По најавите на Владата дека со Акциски план ќе се бори против дезинформациите, Граѓанско демократската унија реагираше со писмено соопштение.

Дали премиерот Зоран Заев навистина им објавува војна на лажните вести и дезинформациите или пак сака да ги поткупи и дисциплинира медиумите – прашуваат од ГДУ.

Прво се отвора сомнеж дали Владата преку ваквиот план се обидува да купува медиуми? Второ нејасно е на кој начин Владата ќе спроведува програми и тренинзи за медиумска писменост и не се знае колку пари ќе се потрошат. Трето дали Владата со тоа што ќе воведува јасни критериуми за акредитирање на новинарите кои ги следат владините настани, сака да се заштити од незгодни новинарски прашања? Дали за аферите и скандалите кои се објавуваат, од Владата ќе се покриваат дека се лажни вести? Четврто дали власта со акцискиот план всушност најави и дека ќе брише објави и профили на социјалните медиуми? И петто кој ќе утврдува што е лажна вест и дезинформација, а што вистина – прашуваат од партијата.

ГДУ предупредува – внимателно со плановите.

Да не се обидува власта да ги замолчи медиумите, ниту пак да се осмели да ги поткупува преку некакви си кампањи. Мора да се почитува правото на слобода на говор и критика, во спротивно џабе зборувате за европски препораки – стои во реакцијата.