Букети свежи цвеќиња пред споменикот на киднапирани Македонци положија семејствата, роднините пријателите на киднапираните, но и преставници на здруженија, политички партии и разни организации, по повод 18 години од одбележуавњето на овој трагичен ден.
Синот на еден од киднапираните Крсто Гоговски, вели дека и понатаму нема да останат рамнодушни, се додека не се откријат виновниците на овој грозоморен чин, за кој се знае кои се.
Делови од нивните тела заедно со посмртните останки на уште двајца киднапирани Македонци 14 години беа во судска медицина, затоа што нивните семејства одбиваат да ги погребаат под сомнение дека не се работи за нивните најблиски. Остануваат да се пронајдат уште 8 од киднапираните, за кој од одброот на бранители сметаа дека властит знаат каде се.
Пред споменикот букети цвеќиња положија Македонци положија семејствата, роднините пријателите на киднапираните, но и преставници на здруженија, политички партии и разни организации,
Досега за случајот со киднапираните Македонци никој не е обвинет или осуден, откако во 2011 година беше изгласан законот за амнестија, преку кој престанаа кривично да се гонат осомничените за киднапирањето на Македонците од тетовскиот крај.
Зоран Димовски