Конечно откриено: Зад криптовалутата на најголемата социјална мрежа стои девојка – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/19 3:08 PM

Конечно откриено: Зад криптовалутата на најголемата социјална мрежа стои девојка

Малку мистериозна и јавно непозната Морган Белер (26), вработена во Facebook, стои зад најновата светска криптовалута Libra, како и платформата Calibra.

Во компанијата пристигнала непосредно пред развојот на Libra, а во тоа време работела во одделот за развој каде што се занимавала со проучување на различни видови платформи и блокчеин технологии.

Како голем заговорник на криптовалутите, сметала дека социјалната мрежа која има повеќе од две милијарди корисници мора да оди во чекор со времето и да влезе во светот на дигиталните пари. Така во мај 2018 година, успеала да го убеди раководството на компанијата во нејзината идеја и станала главна личност за создавање на нов конкурент на Биткоинот, пишува CNBC.

Белер, нејзината кариера ја започнала во компанијата за претприемачки капитал Andreessen Horowitz, по што заминала во издавачката куќа Medium каде што постигнала одличен успех во кариерата. За време на работата во издавачката куќа, имала голема улога во добивањето на стартапот Embedly.

Благодарение на нејзиниот неверојатен успех во силиконскиот гигант, престижното списание Forbes, Белер ја вклучи на листата на успешни млади луѓе под 30 години.

Извор: denar.mk