Манчестер Јунајтед го започна преодниот рок релативно без некое звучно име, но се чини она најдоброто доаѓа во следниот период.
Како што прeнесуваат англиските медими, „црвените ѓавли се на добар пат да го ангажираат Николас Пепе од Лил. Овој фудбалер минатата сезона беше вистинско откритие, па за него силен интерес пројавија многу европски гиганти.
Стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека ќе биде идеална замена за Лукаку доколку секак овој се пресели во Интер. За Пепе од Манчестер се подготвени да платат 75 милиони евра.
Паралелно, од Јунајтед преговараат и за реализација на трансферите на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Хари Мегваер од Лестер.
Извор: sportclub.mk